Opel – нов кормилар

Смена на врвот на Opel!

Уве Хохгешурц од Renault на чело на Opel.

објавено 13. јули 2021

Во сенка на преставувањето на шестата генерација на Astra се случи смена на кормиларската позиција во Руселсхајм. Од местото на извршен директор на Renault во Германија, Австрија и Швајцарија од први септември ќе стане новиот извршен директор на Opel. Хохгешуртц го наследува Мајкл Лохшелер, кој „реши да преземе уште еден предизвик надвор од групацијата Stellantis“.

Ова е неочекувана вест бидејќи новото назначување следи само неколку дена по веста дека Opel ќе стане целосно електрична марка во Европа до 2028 година. Во ова главна улога имаше токму Михаел Лохшелер кој го спроведе Opel низ транзицијата и ја трансформира  компанијата од загубар во победник. Според планот, секој модел на Opel треба да се електрифицира во 2024 година, а Manta-e ќе биде лансирана на пазарот до „средината на деценијата“. Дополнително, Opel исто така сака да влезе на кинескиот пазар исклучиво со електрични модели. Opel објавува за промената на врвот дека Хохгешуртц ја презема компанијата во време кога германска членка на Stellantis ги проширува своите комерцијални активности, вклучително и во Кина, и влегува во ерата на електрификација. Хохгешурц дополнително ќе се приклучи на највисокиот извршен тим на групацијата и ќе поднесува извештаи директно до извршниот директор Карлос Таварес. Роден во Келн, Германија, Хохгешурц ја започна својата кариера во автомобилската индустрија во 1990 година во Ford пред да се пресели во VW во 2001 и Renault во 2004 година. Карлос Таварес коментираше за промената на извршниот директор:

 

„Би сакал топло да му се заблагодарам на Мајкл што воспостави силни одржливи основи за Opel заедно со вработените. Овој импресивен пресврт го отвора патот за претстојниот светски комерцијален развој на брендот. Убеден сум дека Уве успешно ќе одговори на новото поглавје на брендот Opel, благодарение на неговото повеќе од 30-годишно искуство во автомобилската индустрија. Му посакувам се најдобро на Мајкл за неговиот следен чекор во кариерата “.

Лохшелер го наследи Карл-Томас Нојман во 2017 година, кој се повлече од функцијата во јуни истата година. Во тоа време, Лохшелер се ја превзема улогата на лидер од позицијата на главен финансиски директор на чело на компанијата. Под него, Opel, меѓу другото, се одлучи за електрификација на целата гама. Во текот на планот за преструктуирање Расе, кој беше претставен во ноември 2017 година, беше одлучено Opel да воведе и електрична верзија во секоја од своите европски модели за патнички автомобили до 2024 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER