Најмалиот кросовер на Opel добива нова инфозабава и свежи стилски детали
Opel, по четири години од дебито, ја освежи Mokka. Што се однесува на надворешноста доби благи визуелни ажурирања. Визуелно, тешко е да се забележат разликите со едицијата која беше првиот модел што го претстави новиот стилски јазик на Opel, најмногу забележителен на предницата.
Доколку повнимателнио погледнете ќе го забележите редизајнираниот преден браник, за кој се вели дека ја подобрува аеродинамиката и ги нема светлата за магла од долниот дел. Дизајнерите на Opel, исто така, ја ажурираа LED графиката на предните и задните светла, со три вертикално распоредени блокови слични на Frontera и Grandland. Покриената решетка, позната како „Opel Vizor“, го интегрира новиот амблем на „громот“.
Понатаму, сите хромирани влошки ги нема, со обновен акцент на црните надворешни акценти. Во внатрешноста, дигиталната пилотска кабина со двојни 10 инчни дисплеи сега е стандардна опрема, со освежана инфозабава. На централниот дисплеј има графика слична на паметните телефони, подобрено се препознаваат гласовните команди и интегриран е ChatGPT. Опционална е камерата за паркирање наназад од 180 степени.
Воланот исто така е редизајниран, како и мат сребрената централна конзола со USB-C приклучок, има помалку копчиња и разводни уреди од Grandland. Како кај сите членови на семејството Stellentis за движењето задолжен е 1,2 литарскиот трицилиндричен мотор со турбополнач. За медитеранскиот регион, во кого спаѓа и Македонија, појдовна верзија моторот без хибридна поддршка од 100 КС што ја испраќа силата на предните тркала преку шест брзински мануелен менувач.
Второто ниво на понуда на агрегати е истиот мотор засилен со благ хибрид кој произведува 136 КС, но спарен со автоматски менувач со исто толку преноси како и мануелниот. Круна на понудата ќе биде БЕВ верзијата чиј електричен мотор од 156 КС ќе добива енергија од батерии од 54 kWh.
Во Германија распонот на цените ќе се движи од 26.700 до 36.000 за потполно електричната верзија. Во Македонија Opel Mokka ќе пристигне во првиот квартал на 2025 година кога ќе ги дознаеме официјалните цени.


