Opel Mokka-E : Нов оскар во витрината

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Mokka го позлати воланот!

Во сегментот до 25.000 евра oпеловата струја ги шокираше конкурентите

Смелата надмена појава поткрепена со ефикасен електро погон способен да помине повеќе од 300 километри го убеди жирито на манифестацијата „Златен волан“ да ја додели титулата на Opel Mokka-E. Со тоа новиот адут на струја во Руселсхајм го донесе 19-тиот „Златен волан“. Не сјае затоа што е најнов туку затоа што, гордо истакнува новиот кормилар Уве Хохгешурц, успеа да победи сериозна конкуренција од сите типови на погони во категорија на чинење до 25.000 евра.

„Нашата Opel Mokka-e е сè освен обична, и тоа уште еднаш го докажа на овогодинешниот „Златен управувач““, заклучи во своето обраќање. Церемонијата на доделување на наградите се одржа во берлинскиот Аксел Шпрингер Хаус. Новата Opel Mokka-e импресионира не само со смелиот и елегантен дизајн, туку и со своите перформанси. Електричниот мотор со 136 КС и 260 Nm обезбедува моќен и речиси безшумен погон. Благодарение на батеријата од 50 kWh, можeн е опсег до 338 km без прекин за полнење според WLTP.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER