Opel – Intelli-lux LED

Вести насловна

Нека биде ден!

Новите Intelli-Lux LED® Pixel Light со 168 LED елементи

Кога часовниците ќе се вратат на зимското сметање на времето, ќе се стемнува уште порано. Со воведување на прилагодливата Intelli-Lux LED® технологија без отсјај Opel им помага на возачите во зголемување на видливоста. Овие „магични светла“ се користат во сите модели на Opel, од бестселерот Corsa, привлечната Mokka и водечката Insignia.

Новата Opel Astra, која неодамна ја прослави својата премиера, и Opel Grandland опционално се опремени со најновата генерација на Intelli-Lux LED® Pixel. Со вкупно 168 LED елементи (84 по фар) се обезбедува прецизна и флуидна шема на светлина во секое време. Штом автомобилот ги напушта урбаните области, матричните фарови автоматски се префрлаат на долго светло и континуирано ја прилагодуваат должината и распределбата на светлосниот конус.

Другите учесници во сообраќајот не ги заслепува светлината, додека останатиот дел од патот и неговата околина остануваат силно осветлени. Благодарение на Intelli-Lux LED, возачите исто така можат да забележат предмети или движења на патот, многу порано. Ова им дава повеќе време да реагираат соодветно, на пример, кога животните неочекувано ќе го преминат патот.

Покрај зголемувањето на безбедноста, Intelli-Lux LED® системите исто така изгледаат навистина кул. Во новите Opel Mokka, Astra и Grandland, фаровите се составна компонента на лицето на автомобилот, новиот Opel Vizor. Современите LED системи на Opel се исто така потрајни и енергетски поефикасни од конвенционалните фарови, што дополнително ја намалува емисијата на СО2.