Opel Intelli-Lux HD – Кога ноќта станува ден

Светлата се најважни кога возите ноќе. Затоа Opel ги надгради своите Intelli-Lux HD светла со повеќе од 50,000 лед-диоди.

На неодамнешното тест возење на новата генерација на Opel Grandland домаќините гордо ја истакнаа новата генерација на активни лед светла Intelli-Lux HD која на  возачите на новиот кросовер, без оглед дали е со хибриден или потполно електричен погон, ноќното возење ќе го претвори во искуство кое ќе сакаат да го повторат, и повторат и повторат…

Најновата генерација Intelli-Lux LED создава светлина каде што претходно имаше само темнина. Но, ова не е единствената иновација во осветлувањето која е воведена во новиот Grandland. Тоа е исто така првиот Opel со 3D Vizor, осветлен Opel знак на задната врата технологијата „Edge Light“. Ова го прави новиот Grandland севкупно сјаен новодојденец кој привлекува внимание со своите иновативни технологии за осветлување.

За прв пат, предните светла имаат повеќе од 50.000 елементи, поточно 51.200 или 25.600 на секоја страна и овозможуваат дистрибуција на светлината со висока резолуција. Во зависност од моменталната сообраќајна ситуација, камерата ги детектира учесниците во сообраќајот напред и оние кои доаѓаат од спротивна страна, а Intelli-Lux HD светлата се исклучуваат уште побрзо и попрецизно од претходната matrix технологија. С

ветлосниот тунел“, односно просторот што го остава светлосниот зрак, е потесен од претходно, додека остатокот од улицата и околината се подобро осветлени. На овој начин, системот обезбедува уште посветла и подеднаква дистрибуција на светлината без да ги заслепува другите учесници во сообраќајот. Научните студии ги докажаа придобивките за безбедноста. Предметите пред возилото може да се детектираат околу 30 до 40 метри порано при брзина од 80 км/ч одколку со конвенционалните халогени предни светла.

Ова му овозможува на возачот да реагира на потенцијалната пречка една до две секунди порано, драгоцено време за да се избегне можниот несакан судир. Во исто време, сите автоматски функции на Intelli-Lux, од светлото за возење во град и рурален пат до светлото при свиоци и лошото време се подобрени и подигнати на повисоко ниво. Технологиите во новиот Grandland претставуваат најновата и најнапредната еволутивна фаза во развојот на осветлувањето на Opel.

Тоа природно се очекува од громот што ноќното небо го осветлува со денски блесок. Оваа технологија е присутна и во останатите модели на Opel и ќе продолжи да ја претвора  ноќта во ден.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER