Дали се подготвува реинкарнација на легендарната Manta?
Со неколку компјутерски генерирани илустрации и соопштение за јавноста во кое не кажува ништо конкретно освен што суптилно се споменува Manta, Opel најави мистериозен GSE концепт за салонот на автомобилите во Минхен. Тоа сепак беше доволно јавноста да тргне со лавина шпекулации за реинкарнирање на легендата која иако стара секој љубител на марката добро ја познава.
Субмарката GSE повторно беше оживеана на почетокот на летото како ознака за спортските изведби на електричните возила на Opel. Првиот и засега единствен модел што го видовме е Mokka GSE која располага со 276 KS. Но претстојниот концепт одејќи чекор или два подалеку треба да покаже дека нема да се запре на тоа туку, цитираме: „ќе се оди со истражување на границите на електричните возила со високи перформанси“. Тоа јасно сугерира дека идните GSE модели ќе донесат порадикален дизајн и технолошки подобрувања.
Сепак ќе мора да се стрпиме до почетокот на наредниот месец за да ја задоволиме нашата љубопитност.






