Opel GSE – Подобрување на динамиката и удобноста

Во име на уживањето во возењето

Со електрификацијата автомобилите располагаат со повеќе моќност која треба да биде култивирана и удобна

Електрифицираните автомобили стануваат секојдневие. Секоја марка има свои адути кои се комунициираат како поеколошки, но и со зголемени перформанси. Токму ова второто донесува подобри динамички својства кои треба да бидат избалансирани со повеќе кондиционали.

За возењето да биде поудобно, одговорот на управувањето да коренспондира со потребите и амортизацијата да може да ги задоволи динамичките оптоварувања неопходно е да се направат дополнителни оптимизирања. За своите електрифицирани модели со спортски амбиции кои ги нарекува  GЅe, Opel разви посебно подесување на подвозјето.

Сега Opel Astra GSe, нејзината караванска изведба Sports Tourer GSe и Grandland GЅe имаат дотерувања да одговорат на нивниот темпераментен карактер и погонски единици. За да овозможи оптимална рамнотежа помеѓу удобноста и управувањето ориентирани кон перформансите инженерите на Opel подвозјето на моделите Astra и Grandland ги подигна на поспортско и подинамично ниво.

Во случајот на Grandland GSe, тоа значи моќност на системот од 300 КС, забрзување од нула до 100 km/h за само 6,1 секунда и електричен погон на сите тркала. Во верзиите на моделот Astra GSe, електрифицираниот погон произведува системска моќност од 225 КС и вртежен момент од 360 Nm.

Кај неа подвозјето е пониско за 10 мм за држењето на патот да биде поуверливо. Ова е овозможено со специјални пружини и амортизери со технологија KONI FSD (Frequency Selective Damping), кои се користат кај моделите GSe.

Во зависност од ситуацијата, условите на површината на патот и стилот на возење, оваа технологија овозможува различни карактеристики на амортизација за удобно поминување на сите видови површини и подршка на спортски стил на возење. Амортизерите имаат дополнителен вентил и второ хидраулично коло. Автомобилот е поудобен или поспортски за возење, во зависност од тоа дали вентилот е отворен или затворен.

Понатамошниот развој на подвозјето и управувањето не беше ограничено само на моделите GSe. Наместо тоа, сите верзии на Grandland имаат придобивки од оптимизациите со тоа што нивните амортизери и управувањето исто така се повторно подесени. На овој начин, сите нови модели на Grandland ќе овозможат карактеристично спортско и удобно искуство при возењеl со директни, прецизни повратни информации до возачот.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER