Дизајнерскиот тим на Opel ја направи студијата Genève како демонстратор на стилски идеи и перчење на салонот во Женева
Иновативните концептни возила кои инспирираат имаат долга традиција во Opel. Иако без план да влезе во сериско производство, студијата Genève сепак беше една од ѕвездите на салонот во Женева во 1975 година.
Концептот за спортски двосед автомобил со ултра рамна силуета и со „скокачки“ фарови бргу ја освои јавноста. За разлика од десет години порано претставениот Experimental GT, кој стана серискиот Opel GT, Genève остана само ревијален автомобил.
Oдделот за дизајн на Opel ги демонстрираше своите визионерски вештини преку заострен преден и заден дел, интегрирани браници, сите стаклени површини, вклучувајќи ги и страничните прозорци, беа силно закривени. Оваа форма беше овозможена со употреба на фиберглас.

Genève првично беше роден како „GT-W“. Купето е дизајнирано под овој работен наслов во Руселсхајм во 1972 година. Спортскиот автомобил со средишно поставен Wankel мотор со два диска, па оттука се доби „W“ во името. Сепак, како резултат на нафтената криза, проектот за ротирачки мотор беше запрен во 1974 година.
Но, дизајнерскиот тим на Opel реши да продолжи да сонува и под новото име Genève, кое беше избрано да одговара на неговото прво појавување во јавноста, успеа да привлече силно внимание на компанијата. Истата година, друга студија на Opel требаше да предизвика возбуда.
Opel ја резервира светската премиера на футуристичкиот и исто така златен GT2 за IAA во септември 1975 година. Овој ревијален автомобил беше многу подетален, со функционални лизгачки врати, целосно опремена внатрешност и функционална погонска спрега.
Додека GT2 беше дониран на Deutsches музејот во Минхен во мај 1978 година, златно обоениот Genève остана како изложбен предмет во одделот за дизајн на Opel многу години. Беше пребоен во 1977 година во светло портокалова боја. Студијата сега е еден од главните експонати на колекцијата Opel Classic.
По истиот пат и денеска се движат работите во Руселсхајм. Пред две години на јавноста се претстави студијата Opel Experimental од каде голем број дизајнерски елементи се оживеани во новиот Opel Grandland.

