Opel Frontera – Пробивање на нови граници

Opel официјално ја прикажа третата генерација на Frontera. Фокусот е на електричниот погон и благи хибридни опции

Opel ги објави првите официјални фотографии од Frontera која ќе го заземе местото на остарениот Crossland. Според димензиите, јасно е дека е позиционира помеѓу помалата Mokka и поголемиот Grandland кои, исто така, ќе бидат обновени оваа година.

Комерцијалното лансирање се очекува за неколку месеци, а не е тајна дека ги споделува карактеристиките, техничката основа и поголемиот дел од каросеријата со останатите адекватни модели на Stellantis. Сепак Opel во Frontera успеа успешно да го вметне својот дизајнерски јазик. Специфичните делови на новата Frontera споделуваат многу сличности со Mokka.

Едноставните LED фарови се прикажани заедно со маската Vizor, што е вообичаена карактеристика во целата линија на Opel. Дизајнерите на Opel направија особено интригантен заден дел за Frontera. Дебелите C-столбови веднаш го привлекуваат вниманието како и поделените задни светла.

Како и многу други модерни автомобили, кабината на новата Фронтера има минималистички дизајн, но задржани се и физички копчиња. Дигиталната табла со инструменти и инфозабавниот дисплеј се протегнуваат на 10 инчи. Opel Frontera ќе нуди 460 литри простор во багажникот или 1.600 литри со соборена задна клупа. Најавено е дека дел од дополнителната опременост ќе се нуди и багажник за покрив.

Она не се кажа е можноста Frontera да се нуди со три реда седишта. Тоа е многу извесно бидејќи францускиот близнак Citroen C3 Aircross, кој треба наскоро да се појави, ја најави таа изведба. Opel Frontera е еден од многуте нови модели на Stellantis што ќе се вози на архитектурата на Smart Car која е еволуција на CMP / eCMP платформата.

Потврдено е дека ќе биде достапен и со 48-волти благ хибриден и со целосно електрични погонски единици. Иако компанијата не објави детални спецификации, можеме лесно да погодиме врз основа на другите понуди на Stellantis. Почетното ниво на Frontera најверојатно ќе биде трицилиндерскиот турбо-бензинец од 1,2 литри зајакнат со благ хибриден бензински мотор. Електричната изведба ќе биде лансирана со еден електро-мотор поставен напред.

Повеќе детали за третата генерација на Opel Frontera ќе дознаеме пред нејзиното комерцијално деби закажано во летните месеци.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER