Opel Frontera – Надградба погодна за авантуристи

Најмалиот кросовер на Opel може да се трансформира во камперско возило

Трендот на рационално кампување се зголемува на Стариот континент.

Сé повеќе производители на купувачите им нудат покривни шатори кои можат да го трансформираат секој автомобил во мал кампер за викенд патувања, па и повеќе. Најсвеж пример е Opel Frontera. Уште пред неколку месеци кога бевме присутни на првите тест возења, беше изложена ваквата опција, а сега комерцијално е понудена преку онлајн продавницата за дополнителна опрема на Opel.

Практичниот шатор има простор за спиење за две лица а го произведува Thule. Тој се монтира на опционалните шини и може да понесе товар на покривот до 240 килограми. Со димензии 2,13 метри должина и 1,19 метри висина, шаторот е широк само 61 сантиметар кога е преклопен и се издига 24 сантиметри над багажникот на покривот.

Склопувањето со помош на телескопски столбови треба да биде лесно дури и за едно лице, а пристапот и излезот се преку скала прикачена на страна. Главната ткаенина за шатор е изработена од материјал отпорен на метеролошки влијанија и е дизајниран да издржи сурови услови.

Шаторот за Opel Frontera, Thule Foothill, чини 2.446 евра, на што треба да се додадат уште 299 евра за соодветни алуминиумски носачи.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER