За ново развиеното спортско корисно возило Opel ќе го користи добро познатото име од својата историја.
Моделот, која ќе биде претставен во втората половина на годината, ќе се вика Frontera и од самиот почеток ќе биде достапен и како БЕВ. Ова ќе означи важна пресвртница во транзицијата на „молњата од Руселсхајм“ кон целосно електричен бренд. Opel ветува пространо возило со висока флексибилност. Frontera, на шпански граница, се произведуваше од 1991 до 2004, доживеа две генерации и беше популарна поради просторноста, изборот на мотори и теренската функционалност.
Frontera ќе биде првиот модел што ќе го носи новото лого на брендот Blitz. Новата Opel Frontera, исто како и пензионираната, ќе располага со огромен простор и разноврсност и на тој начин ќе им се допадне на клиентите кои сакаат авантури, како и на семејствата. Овој нов модел ќе ја продолжи долготрајната традиција на Opel да овозможува мобилност и биде широко достапен за клиенти преку својата атрактивност.
Оваа година, заедно со пристигнувањето на електричната верзија на новата Frontera, планирано е промовирање на најновата генерација на Grandland, исто така во целосно електричната верзија. Opel притоа ќе понуди, барем по една електрична верзија од целата своја гама.. До сега асортиманот на БЕВ модели на Opel е сочинет од четирициклот Rocks Electric, Corsa Electric, Mokka Electric, Astra Electric и Astra Sports Tourer Electric, како и целото портфолио на комерцијални возила Combo Electric, Zafira Electric, Vivaro Electric и Моvano Electric. Наскоро се очекуваат првите фотографии и детали за Frontera.


