Opel Corsa GSE – Скриеното е највозбудливо

Во пресрет на париската премиера закажана за октомври, Opel веќе почна да нѐ „пецка“ со напон

Моделот Corsa се појави во средината 1980-тите и веднаш беше вистински хит. Не дека во својата кариера секогаш беше на врвот на листите, но секогаш беше меѓу најпродаваните.

За тоа придонесе нејзиниот практичен и привлечен дизајн проследен со неколку атрибути кои за љубителите на „адреналинот зад управувачот“ беа од пресуден фактор. Во последните неколку години Corsa е најпродаван модел на Opel, а за средина на оваа есен е закажано лансирањето на сериската GSE изведба која ја обединува спортската историја на „молњата од Руселсхајм“ со иднината.

Добиените фотографии ја прикажуваат Corsa во своето второ лице, на тркачка патека. Створена за „урбана герила“ таа од самото постоење го оправдува своето име. Corsa на италијански значи трка или брзина.

Внимателно одбраните камуфлажни бои асоцираат дека таа има големи амбиции не само во цивилна, туку и во воена служба, во автомобилските арени. Радува дека Opel во мислите го има спортското педигре на својот мал-голем автомобил.

Не случајно се избрани овие фотографии. Тие ни најавуваат дека претстојната, добро камуфлирана Opel Corsa GSE допрва ќе испишува страници во историјата на Opel и во автомобилскиот спорт.

Дизајнот на шарите со црни, бели и жолти акценти ни дозволува малку да шпекулираме. Повеќе од јасно е дека жолтото ја најавува моќната електрична верзија, црното дека можеби ќе има и бензинска верзија со намена за трки, а белата можеме да ја разбереме како симбиоза на набилданите верзии со оние кои ќе ги добиеме на нашите улици.

Впрочем, останаа уште шест месеци да откриеме каков струен удар ќе добиеме. Како и да е Opel Corsa GSE ќе го открие велот на тајните на овогодинешниот Саем за автомобили во Париз (од 12 до 18 октомври).

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER