Opel – Blitz Transporter

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Пронајден изгубениот предок на Vivaro и Movano!

Случајно пронајдените осум фотографии од возило за достава потегна лавина од коментари и емоции во Руселсхајм.

Фотографиите го документираат пионерскиот дизајн на компактното комерцијално возило Blitz (молња) кое очигледно било целосно развиено и во возна состојба. Името на проектот беше напишано со молив на задната страна на сликите: 1,5-23 COE.

Бројките се однесуваат на зафатнината на моторот (1.488 cc) и приближното меѓуоскино растојание (2.400 mm), додека „COE“(Cabin Over Engine) значи „кабина над мотор“. Необјавените фотографии покажуваат дека Opel во средината на 1930-тите имал возило за испорака со модерен изглед подготвено за производство – години пред соодветниот концепт да се прошири низ целиот свет и да стане стандард за денешните дизајни, како што се Opel Vivaro и Movano. Концептот бил многу напреден за 1930-тите.

Во споредба со возилата со конвенционален долг капак на мотор, дизајнот овозможи покомпактни надворешни димензии да дадат голем товарен. Моторот се наоѓаше или под или малку пред клупата со седишта. Пред избувнувањето на Втората светска војна, такви возила имало само во САД, Германија и Франција. Имаше само две германски возила со архитектура „COE“, и двете од раните 1930-ти, секој од нив имаше основна кабина во облик на кутија и тие беа придвижувани од двотактни двоцилиндрични мотори.

Ниту еден не беше многу успешен. Во тоа време, на пазарот се претпочитаа возила што имаа долг капак на мотор. Комерцијалното возило Blitz имаше многу директен, функционален дизајн кој одговараше на прогресивниот концепт. Opel во тоа време бил лидер на пазарот на комерцијални возила и користеше компоненти од други модели за да го изгради комерцијалното возило. Моторот со зафатнина од 1,5 литри бил превземен од лимузината Olympia, имаше,  за тоа време, напредна структура на каросеријата целосно изработена од челик.

Не се знаат многу техничките детали за Blitz 1.5-23 COE. Брошурата на англиски јазик за моделска 1937 година на крајот беше откриена во архивата на Opel. Документот прикажува дека, покрај еден тон, беше планирана и верзија од 1,5 тони со шестцилиндричен мотор и двојни задни пневматици. Слични цртежи во архивата покажуваат комерцијално возило со платформа и мини-бус верзијата со 15 седишта на Blitz 1.5-23 COE. За жал, доставното возило Blitz никогаш не влегло во производство. Причините веројатно беа надополнети со подготовките на Германија за војна во втората половина на 1930. Не беа потребни лесни комерцијални возила и Opel сигурно ќе беше принуден да го прекине производството. Така, Blitz 1.5-23 COE остана прототип.

По Втората Светска војна Opel го продолжи развојот на возилата за испорака од 1950, кулминирајќи со денешното успешно трио на лесни комерцијални возила – компактниот Opel Combo, најпродаваниот Opel Vivaro и поголемиот Opel Movano. Оваа година, прославувајќи ја својата 160-годишнина, Opel и денес останува пионер, бидејќи целата гама на лесни комерцијални возила се одликува и со изведби со електричен погон. Покрај тоа, Opel веќе го има решението за флотните клиенти, кои сакаат да поминат повеќе километри или кои треба да наполнат гориво за неколку минути.

Електричното возило со горивни ќелии Vivaro-e HYDROGEN има опсег до 400 km (WLTP) и потребни се само три минути за полнење гориво со водород. Пронајдениот изгубен предок на модерните доставни возила што гордо го носат знакот на молњата за своето време беше иновативен, исто како неговите наследници кои одлучно чекорат по патот трасиран пред еден век.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 85.50 ден
  • еуросупер 98 - 88.00 ден
  • еуродизел Д5 - 98.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER