Opel Astra GSe – Адекватна електрифицирана транзиција

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Атлетски дотерани хибриди

Не поминаа ниту две недели откога се најави реинкарнирањето на спортски обликуваните модели на Opel пристигна оптимистичка најава и тоа во форма на готови производи.

Сосема очекувано ѕвездениот тандем, Astra и Astra ST ќе добијат изведби со епитетот GSe. Во склад со новото време на громогласните перформанси ставен е „пригушувач“, но не отсуствува силата. Електрификацијата е наметната, па сите производители, вклучувајќи ги и најпрестижните, го следат тој пат.

Наместо сировата сила од цилиндрите добиваме нисколитражни турбо-бензински мотори со респектабилни перформанси и „зелен“ ефект. Ова сè уште не се особено спортски чисто електрични автомобили, туку изведби што по пат на електро шокови си даваат за право да ги понесат епитетите на славните предци. Во таа игра, сосема оправдано, влезе Opel преку Astra со приклучен хибрид.

Под акронимот GSe, кој е пандан на моќните GSi едиции од минатото настапуваат Аstra и нејзината караванска верзија Sports Tourer кои имаат системска моќност од 225 КС и мобилизираат максимален вртежен момент од 360 Nm. Opel ветува ревидиранo подвозје кое реагира уште подиректно од веќе лансираните „цивилни верзии“. Растојанието од тлото е пониско за еден сантиметар и има адекватни пружини и хидраулични амортизери за динамично возење.

На ова се додава и специјално калибрираниот ЕЅР систем кој дозволува напади на спортски амбиции. Новите модели може да се препознаат, меѓу другото, по 18-инчните тркала од лесна легура инспирирани од целосно електричната студија Manta GSe, натписот GSe и адекватно стокмениот дизајн на предницата. Во внатрешноста, Astra GSe е накитена со ергономски предни седишта со анатомски сертификат и пресвлечени се со алкантара со задолжително греење и вентилирање.

Стандардната потрошувачка според специјалниот метод на мерење на WLTP за приклучни хибриди е помеѓу 1,1 и 1,2 литри на 100 километри. За жал ова е само најава, а кога ќе се реализира уште не е дефинирано.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER