20 години здраво седење
Седиштата ја формираат врската помеѓу луѓето и возилото, тие се клучни за удобно и опуштено патување.
Opel обврнува големо значење на седиштата во своите возила и долго време се залага тие да обезбедат оптимална удобност и поддршка за ‘рбетот, особено при подолги патувања. Opel оваа година ја одбележува 20-годишнината од воведувањето на здрави седишта сертифицирани од AGR (Aktion Gesunder Rücken – независно германско здружение кое промовира истражувања поврзано со превенција од болки во грбот).
Уште во 2003 година, ергономските седишта кај Opel Signum поставија нов стандард во автомобилската индустрија. Потоа, здравите седишта беа поставени низ поголем дел од палетата на модели на Opel. Благодарение на бројните функции за подесување, ергономските седишта со AGR сертификат може да се прилагодат оптимално за секој возач.
Релаксирачкото седиште за грбот го спречува заморот за време на патувањето и во случај на незгода, патникот на седиштето има шанса за позитивен исход пред сè ако седиштето успее да го одржи во позиција. Само тогаш безбедносните појаси и воздушните перничиња можат целосно да ја обезбедат нивната заштита.

Opel денес нуди различни AGR седишта со избор на удобност или повеќе спортски ориентирани контури во Astra, Crossland и Grandland. За да им овозможат на возачот и совозачот да заземат удобна и пријатна положба за седење на секое патување, AGR седиштата овозможуваат 10 прилагодувања за возачот и шест за совозачот.
Без оглед на контурата на седиштето, мноштвото прилагодливи параметри на возачкото седиште вклучуваат лизгање, висина, навалување, навалување на потпирачот за грб, потпора за бутовите, лумбална потпора и навалување на седиштата, како и функција за греење кога времето е студено или вентилирање за летните горештини.


