Opel освои 24 награди во 2024 година

Минатата година беше извонредна за Opel

Прославувајќи ја 125 годишнината од производство на автомобили, Opel постигна многу во 2024 година. Јубилејот е означен со три нови модели, кросоверите Grandland, Forntera и Mokka, воедно, „молњата од Руселсхајм“ стана првиот германски производител што понуди барем една електрична верзија за секој свој модел.

Покрај тоа, моделите на Opel се закитија со 24 награди кои го потврдуваат портфолиото на марката, без оглед дали се однесува на патничката или комерцијалната програма.

Кросоверот Opel Grandland ја освои реномираната награда „Златен Управувач 2024“ од германскиот Билд, додека од европското Ауто Бест жири компанијата ја доби наградата Смартбест 2025 за воведувањето на ChatGPT во голем број на патнички и комерцијални возила, со што ги прави врвните технологии достапни за секого.

Corsa четири години по ред е најпопуларниот мал автомобил во Германија. Astra е признаена во компактната класа.

Лесните комерцијални возила Vivaro HYDROGEN и Movano HYDROGEN импресионираат со иновативните технологии и аплицирањето на погонот со водородни горивни ќелии.

Освојувањето на вкупно 24 меѓународни награди покажува колку се привлечни најпродаваните модели на Opel за клиентите и за експертите.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER