Opel – Нов увозник

Top News Македонија

Еуроимпекс ќе грми!

Opel има нов увозник за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија

објавено 10 септември 2020

Реномираната Македонска компанија за увоз, дистрибуција и сервисирање на автомобили е позната по своето три деценијско работење со Peugeot.  Како признание за одличното работење францускиот принципал на нашата компанија и ја довери улогата на увозник и за Србија, Црна Гора и Албанија. Од денеска во портфолиото на Еуроимпекс се запишува новото признание кое доаѓа од Германија. Со цел да се постигне саканиот пораст во регионот, Opel донесе одлука бизнисот во овие неколку земји да го довери на веќе добро познатата и успешна компанија Еуроимпекс како почитуван локален независен увозник и соработник. Основана во 1990 како мала компанија со тројца вработени, за трите децении на своето постоење Еуроимпекс оствари сериозно голем развој во последните три декади каде покрај Peugeot го превзема работењето и на Opel. Договорот е веќа потпишан. Со завршниот дел од оваа трансакција, Еуроимпекс станува генерален увозник за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Сите вработени лица во канцеларијата на Opel одговорни за овие пазари, согласно законите ќе бидат превземени од компанијата најдоцна на денот на завршување на трансакцијата. Оваа трансакција и лансирањето на новиот бизнис модел, ќе бидат активирани по официјалното одобрување од надлежните инситуции за заштита на конкуренцијата. Досега Еуроимпекс продаде околу 20.000 возила на Peugeot а очекувањата на Opel се поголеми бидејќи на петте пазари лани продадени се 2.500 возила од руселсхајмскиот бренд.