Opel ги враќа GS моделите (со видео)

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Opel ги враќа GS моделите

Во сенка на останатите новитети, Opel во Франкфурт ја покажа и Corsa GS Line

Објавено на 25 септември 2019 година

Буквите GS со или без додавка остануваат трајно врежани во сеќавањата на љубителите на Opel-овите возила. Меѓу нив е и Corsa, која со оваа ознака уште во првата генерација го запали нивниот адреналин. Но, како што обично бива, оваа ознака започна да исчезнува во виорот предизвикан со промените на стандардите и нејзиното значење почна да се заборава. За да не отиде целосно во историјата Opel ја подготви најновата Corsa и во вакво издание, за почеток означено како GS Line. Располага со 1,2 литарски трицилиндричен турбо мотор со 130 KS и 8-степен менувач, со кои во спортскиот режим на работа забрзува до 100 km/h за 8,7 секунди. Максималната брзина изнесува добри 208 km/h, а според фабричките декларации просечно троши 5,6 l/100 km. Не се за занемарување ни емисијата на јагленород диоксид од 128 грама на километар, како и цената од 19.880 евра во Германија. За таа сума купувачот меѓу другото добива двобоен екстериер со црн контрастен покрив и ретровизори, спортски браници и тркала, хромирани издувни цевки, затемнети светла, спортски седишта са црвени шевови, кожен мултифукционален управувач, алуминиумски педали, црвени детали на предниот панел…

Засега сé уште докрај не е јасно дали Opel ќе претстави и вистинска GS верзија на Corsa.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER