Opel – Брисел мотор шоу

Четири премиери

Молњата од Руселсхајм се враќа на автомобилските изложби по подолга пауза

Јубилејното стото издание на саемот за автомобили во Брисел Opel го искористи за два почетоци. Првиот е повторно учество на автмобилските смотри додека второто е во знакот на промовирањето на својата електрична гама.

За таа прилика изложени се четири модели кои ја праќаат пораката за бескомпромисниот курс кон мобилноста без издувни гасови. Извршниот директор на Opel Флориан Хутл не го криеше ентузијазмот и посветеноста на компанијата кон електрификацијата и вербата во своите модели кои стануваат сé побројни. За краток временски период Opel може да се пофали со респектабилен избор на потполно електрични возила припадници на различни пазарни сегменти.

Ѕвезда на штандот е новата Opel Astra Electric која го забележа првото јавно деби проследена со Opel Astra Sports Tourer GSe и Opel Grandland GSe. Новиот под-бренд GSe (Grand Sport Electric) ја обединува заложбата за спортски перформанси, кои се дел од генетскиот код на Opel, со потполно електричниот погон. Покрај нив Mokka Electric се претстави со нова батерија и 20 проценти поголем опсег од порано.

Важен сегмент на понудата се комерцијалните возила кои се на истиот курс како патничките модели. Opel Combo-e и Opel Vivaro-e се изведби на модерни доставни возила кои во својот работен век ќе допринесат за почист воздух во урбаните средини и намалувуње на загаденоста воопшто.

За потполно заокружување на „електризираниот изглед“ на Opel во Брисел се изложени најпродаваниот мал автомобил Corsa-e, компактното комерцијално возило Combo-e и повеќенаменското комерцијалното возило, носител на титулата „Меѓународно комерцијално возило за 2021“ Vivaro-e. Бриселскиот саем на автомобили ќе трае до 22 јануари.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER