BYD – На кинескиот пазар на ЕВ во тек е ценовна војна

Гигантот за електрични возила BYD ја разгорува бруталната ценовна војна во Кина

BYD, најголемиот светски производител на возила на нова енергија (БЕВ и приклучни хибриди), агресивно ги намлува цените на своите модели во Кина. Повеќе од јасно е дека кинескиот џин сака да го расчисти сопствениот двор преку намалување на продажната цена на моделите што ги нуди.

Годинава на тамошниот пазар започна со попусти од дури 12% за најпродаваниот модел на BYD, кросоверот Yuan Plus, во Европа познат како Atto 3 што го направи далеку поконкурентен од сите останати негови ривали. Сега под крилатицата „електриката е поевтина од нафтата“ следи намалување на скоро секој електричен и хибриден модел на марката.

BYD Seagull

Најевтиното БЕВ на BYD, хечбекот Seagull, е намаленo за 5 проценти и на домашниот пазар се продава за околу 9.000 евра. Истото се случи и со  најпродаваната лимузина Qin Plus која BYD ја намали за цели 20 отсто, до почетна цена од 79.800 јуани или 10.200 евра. Со овој потег, кого најверојатно ќе го следат и останатите кинески големи производители, BYD има за цел да ги убеди возачите да ги сменат автомобилите со мотор на согорување и да се префрлат на електричен погон.

BYD Qin Plus

Јасно е дека ова е обид да ги придобијат купувачите во помалите градови и руралните области кои претходно не можеа да си дозволат ЕВ. Сепак оваа стратегија има и сосема поинаква цел, а таа е да се изнемошти конкуренцијата. Стратегијата е закана за Toyota, Volkswagen и Nissan, кои бавно се префрлија на електрични возила и како резултат на тоа нивната продажба во Кина опаѓа.

Пред една година, Nissan Sylphy со мотор на согорување беше најпродаваниот, а го следеше VW Lavida. Sylphy и Toyota Corolla се под најголема закана од попустите на BYD. И сега доаѓаме до најинтересниот дел од равенката. Таквите попусти може сериозно да ја истрошат финансиската кондиција. Лани Tesla започна со намалување на цените сакајќи да си го обезбеди првото место на светската листа на производители на БЕВ, но по критиките упатени од акционерите и опаѓањето на приходите, полека ги подига цените кои уште го немаат достигнато нивото пред намалувањето.

Аналитичарите предупредуваат дека BYD најверојатно ќе понуди повеќе попусти годинава. Тоа несомнено дека ќе ја намали бруто-маржата на брендот, но загубата може делумно да се надомести со намалување на трошоците од добавувачите. Возилата со нова енергија, кои вклучуваат целосно електрични и plug-in хибридни модели, во февруари учествуваа со 35,8% од продажбата на нови автомобили во Кина.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER