Olinia Uno – БЕВ по мексички рецепт

Olinia Uno настана како резултат на националниот проект кој има амбиции електричната мобилност да ја направи достапна на широк круг граѓани заради што и доби силна поддршка од владата.

За разлика од бројните други електрични возила на пазарот замислено и изведено е со целосно поинаква филозофија. Приоритет не беа автономијата или перформансите туку едноставноста, практичноста и цената.

Каросеријата е моноволуменска што овозможува максимално искористување на просторот предвиден за шест лица, а ентериерот е флексибилен и може да се прилагоди за различни намени. Погонот е со електромотор сместен назад со едвај 18 коњски сили кои ќе обезбедат максимални 50 километри на час.

И батериите се со скромен капацитет доволен за поминување до сто километри, а полнењето преку стандардна куќна мрежа трае приближно четири часа. Сериското производство треба да започне идната година а цената се очекува да стартува од 8.600 американски долари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER