Одморите завршија, горивата поскапеа

Одморите завршија, горивата поскапеа

Објавено на 3 септември 2018 година

Летото дефинитивно нé напушти – регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија ги зголеми цените на горивата. Според нивната одлука, за нафтените деривати кај нас од утре во просек ќе плаќаме за 2,33% повеќе, што значи дека литар еуросупер БС-95 ќе нé чини 72 денари, литар од 98-октанскиот БС-98 два денари плус на тоа, а литар еуродизел Д-Е V 64,50 денари. Според нашите антимонополски редари „заслугата“ за пост-годишноодморското поскапување на горивата ја имаат берзанските цени – онаа на суровата нафта која во изминатиот 14-то дневен период порасна за просечни 5,127%, на бензинот во просек за 2,89% и на дизелот за 3,67%. Благо позитивно влијание имаше опаѓањето на цената на доларот, кој во однос на денарот поевтини за 0,737%. Согласно тоа и влијанијата на овие елементи според прочуената но непозната Методологија, извршено е соодветно прилагодување на цените на нафтените деривати во Македонија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER