Smart во Европа :: Од 2020 година само електрични возила

Од 2020 година само електрични возила

После Америка, Smart и во Европа ќе започне да нуди само електрични возила
Објавено на 11 април 2018 година

На редовното годишно собрание на акционерите Daimler објави дека планира да ја електрифицира целата гама на Smart и во Европа, и тоа до крајот на оваа деценија. Овој потег следи откако од минатата година е одлучено во Северна Америка која е далеку помал пазар за Smart да се продаваат само електрични верзии на ForTwo. Тенденција е до 2022 година Mercedes-Benz во чиј состав делува и Smart, во секоја класа автомобили да има барем по еден електричен во понуда. Во истиот период ќе почне и електрификацијата на комби возилата, камионите и автобусите произведени од марките на Daimler. Во целата електрична програма ќе бидат инвестирани 10 милијарди евра.

Исфрлањето на моделите на Smart со погон на фосилни горива во САД беше проследено со кратење на дилерската мрежа од 85 на само 27. Но Smart таму лани продаде едвај три илјади возила, а во Европа сто илјади. На Стариот Континент се нудат и електрични верзии и на двата модела – ForTwo и ForFour. Декларираната автономија им е 160 односно 155 километри. Имаат електромотор од 82 коњски сили, а максималната брзина им е ограничена на 130 километри на час.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER