Obrist Hyper Hybrid

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Tesla на хибриден погон

Австриската компанија Obrist подготви чудна конверзија на Tesla

Објавено на 21 септември 2021 година

За да ги покаже неискористените потенцијали на моторите со внатрешно согорување, австриската компанија Obrist подготви концепт на Tesla Model 3 на хибриден погон. Се работи за таканаречениот сериски систем во кој бензинскиот мотор има функција на генератор на струја и не го задвижува возилото. Тоа и понатаму го прават електромоторите, за кои во ваков случај не се потребни големи батерии. Ова решение не е непознато во светот на автомобилите – го имаа Chevrolet Volt и Opel Ampera, а и BMW едно време го нудеше како опција за i3. Но пазарот не го прифати најдобро најмногу заради вибрациите на малиот мотор нарекуван рејнџ екстендер.

Токму во ова лежи тајната на проектот на Obrist бидејќи моторот не е само преземен од некое друго возило туку е конструктивно прилагоден на новата улога. Нарекувајќи го генератор со нулти вибрации, тој на Tesla Model 3 и покрај драстично помалите батерии и обезбедува поголема автономија. Конкретно, возилото располага со електромотор од 136 коњски сили, батерии од 17,3 киловат часа и еднолитарски двоцилиндричен мотор со 54 коњски сили. Резервоарот за гориво од 30 литри е сместен во багажникот, а потрошувачката се движи меѓу 2,5 и 4,5 литри на 100 километри. Од Obrist уште велат и дека со емисиите од 24 грама јагленород диоксид на километар теоретски ги исполнува и идните Еуро 7 норми.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER