Nyobolt EV – Следува нова револуција?

Батеријата од 35 kWh обезбедува досег од 250 километри и целосно се полни за само шест минути

Студиото за дизајн и инженерство Callum заедно со компанијата за технологија на батерии Nyobolt претставија концепт за спортски автомобил способен да се полни за само 6 минути. Nyobolt EV не е само интересен на технолошкиот план за батериите, туку и во однос на стилот.

Тој е модерен омаж на оригиналниот Lotus Elise, а одговорен за стајлингот на концептот е Џулијан Томсон, кој е и татко на Lotus Elise S1. Nyobolt EV е 100 мм поширок и 150 мм подолг во споредба со малиот Elise, но останува компактен и лесен и покрај тоа што има целосно електричен погон. Каросеријата од јаглеродни влакна изгледа помускулесто во споредба со оригиналот, благодарение на додавањето на модерни стилски карактеристики.

Кружните LED фарови се удвојуваат како функционални влезови за воздух, додека четирите LED задни светла, исто така, интегрираат воздушни канали. Изгледот инспириран од Elise можеби е кул, но врвниот белег на Nyobolt EV е технологијата на батериите. Спортскиот автомобил е опремен со прилично мал пакет литиум-јонски батерии од 35 kWh, што придонесува за неговата мала тежина од околу 1.000 кг.

Досегот на возење е до 250 километри, но батериите целосно се полнат за само 6 минути на постоечка инфраструктура. Оваа бројка е споредлива со времето на полнење гориво на бензинска пумпа и побрзо од било кој друг електричен автомобил досега. Брзите полначи обично се непријател на долготрајноста на батериите, но Nyobolt тврди дека единицата била тестирана за над 2.000 циклуси на брзо полнење без да покаже значителна загуба во перформансите.

Народски кажано, со овие батерии ќе може да се поминат 500.000 километри без никаков проблем. Спецификациите можеби звучат футуристички, но Nyobolt тврди дека неговата батерија ќе влезе во производство на почетокот на 2024 година и е подготвена да се примени во автомобилската индустрија. Не се дадени никакви детали за електричниот погон, но рекоа дека наскоро ќе следи функционален инженерски прототип.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER