Горивата стануваат луксуз!
Уште едно непријатно изненадување, второ за само седум дена, ги снајде граѓаните. Нафтените деривати од полноќ повторно поскапуваат во просек за 8,98%. Тоа значе дека од полноќ бензините поскапуваат за седум денари додека дизелот за 6,50 денари по литар во однос на минато неделното поскапување. Од утре ќе ги плаќаме следните цени во малопродажбата:
ЕУРОСУПЕР БС-95 86,50 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС-98 88,50 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 92,00 ден/лит.


