Novitec – Набилдан и нашминкан Maserati MC20

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Новиот пакет содржи естетски измени и зголемување на силата

Познатиот германски тјунер на супер автомобили благодарение на ремапирање на електрониката на моторот и издувниот систем со високи перформанси, од три литарскиот V6 со двоен турбо полнач разви дополнителна 81 КС и зголемен вртежен момент од 88 Nm.

Како резултат на тоа МС20 сега има 711 КС и 818 Nm, со моќност достапна на 7.400 вртежи во минута и максимален вртежен момент помеѓу 3.000 и 5.500 вртежи во минута. Новитек тврди дека на тјунираниот MC20 му требаат 2,8 секунди за да постигне 100 км на час од место, што е 0,1 секунда побрзо од „стандардното време“, доволни се 8,4 секунди од 0 до 200 км/ч, а максималната брзина е над 325 км/ч!

Предниот дел да изгледа поагресивно го прави спојлерот на „брадата“, изработен од јаглерод. Овој дел беше тестиран во тунелот за ветер и се вели дека го намалува подигнувањето на предната оска при големи брзини. Дизајнерите на тјунерот конструираа и спојлер за задниот дел за кого тбрдат дека генерира поголема надолна сила, што значи дека италијанскиот спортски автомобил со средишно поставен мотор сега е повеќе управлив. Создадени во соработка со Vossen, тркалата се исто така нови. Тие се со димензии 9×20 и 12×21 инчи напред и назад а обуени се во пневматици со димензии 255/35 и 325/25.

Дополнително оптимизирање на динамиката на возење на MC20 е постигнато со спортските пружини, кои ја прилетија каросеријата до асфалтот за околу 25 мм. Достапни се неколку надградби во внатрешноста на нептуновиот тризабец, кој може да биде тапациран облечен во фина кожа и Алкантара во бројни нијанси. Во основа, кога станува збор за опциите и комбинациите за тапацири, небото е граница.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 85.50 ден
  • еуросупер 98 - 88.00 ден
  • еуродизел Д5 - 98.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER