Нов дизел мотор за Opel Grandland X

Нов дизел мотор за Opel Grandland X

Новиот 1,5 литарски дизел мотор за Grandland X е посилен, поекономичен и почист од агрегатот што го заменува
Објавено на 7 мај 2018 година

И после успешното лансирање, Opel продолжува да го усовршува Grandland X – перспективниот SUV доби нов посилен, поекономичен и почист дизел мотор. Располага со 1,5 литри работна зафатнина и максимални 130 KS и веќе ги исполнува идните Еуро 6d стандарди кои ќе станат задолжителни во септември 2019 година. Максималниот вртежен момент му изнесува 300 Nm, а опремен е со старт-стоп систем. Осумстепениот автоматски менувач му е оптимален партнер, а потрошувачката на гориво му е помала за четири проценти. Ова е постигнато со намалување на триењето, Opel Grandland Xоптимизираниот систем за согорување со патентирана геометрија на клипот и зголемената рециркулација на издувните гасови овозможена од високоефикасен разменувач на топлина. Кристијан Милер, директор за инженеринг во Opel Automobile GmbH, за него кажа: „Високотехнолошкиот дизајн на новиот 1,5 литарски дизел во Opel Grandland X им овозможува на корисниците да ја комбинираат забавата на компактното спортско возило со моќни перформанси, силна клима и висока еколошка компатибилност на напреден дизелски мотор“.

Со новиот 1,5 литарски мотор со 130 KS и веќе воведениот 2,0 литарски дизел мотор со 177 KS, купувачите на Grandland X можат да бираат меѓу два моќни, но енергетски ефикасни и еколошки дизели. До 2020 година, Opel ќе го понуди Grandland X и со plug-in хибридна погонска група, со што ќе стане прво вакво возило во гамата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER