Ништо од големата јапонска автомобилска коалиција

Honda, Nissan и Mitsubishi се согласија дека не можат да се согласат

После помалку од два месеца од потпишувањето на меморандумот за намери за разгледување на можностите Honda и Nissan да се спојат во една авто-компанија, јапонските производители ги прекинаа преговорите. Во целата приказна беше вклучен и Mitsubishi заради сопственоста што Nissan ја има во компанијата. Во засебно објавените соопштенија за јавноста само Nissan ги споменува причините – дека Honda инсистирала да биде предводник на новонастанатата компанија со мнозинство директори и организациска структура во која Nissan би бил само нејзина филијала. Аналитичарите уште тогаш предупредуваа дека не е можен рамноправен сојуз меѓу двете компании затоа што моменталната финансиска состојба ни оддалеку не е иста – според берзанските податоци, во моментов Honda вреди пет пати повеќе од Nissan. Но тоа не е сé – според гласините што се започнаа да се слушаат уште минатиот месец пречка беше и сопственоста на Renault во Nissan. Се зборуваше и за незадоволството на Honda од продукт стратегијата и раководната организациска поставеност на Nissan, а некои веруваа и дека идејата за спојување дојде под притисок на јапонската влада. Но и покрај сé, компаниите ќе продолжат заеднички да работат на создавање нови електрични возила што беше договорено лани летото.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER