Кој е како Норвежаните…
Август поминува ама веројатно заради јазичните бариери дури сега дознаваме дека во јули во Норвешка се продадени само 45 бензински автомобили. Оваа земја важи за рај за електричните возила бидејќи владата на секој начин ја помага нивната продажба и интегрирањето во општеството преку парите добиени од извозот на нафта. А бидејќи тие не се малку, резултатите се видливи – од вкупно околу 5,5 милиони жители колку што има земјата, во јули само 47 купиле автомобил на бензин. Скоро сите се возила кои немаат електричен еквивалент, но изненадува структурата – Suzuki Swift (10 примероци), Porsche 911 (6 примероци), Mazda MX-5 (5 примероци), BMW M2 и серија 1 (по 2 примерока)…
За информацијата да биде комплетна треба да се знае дека во јули во Норвешка се регистрирани вкупно 5.934 нови патнички возила, меѓу кои уште 164 дизели, 313 хибриди (160 обични и 153 плаг-ин) и едно на водород, додека сите останати, точно 91,9 отсто, се електрични. Најдобро продаван автомобил е Volkswagen ID.4, а следат Toyota bZ4X, Škoda Enyaq, Volvo EX30 и Tesla Model 3.