Nokian Tyres е најдобар производител на пневматици
Според спроведената анкета меѓу потрошувачите ширум Германија, финската компанија е најдобар производител на пневматици
Објавено на 17 септември 2018 година
Најсеверниот производител на врвни пневматици, компанијата Nokian Tyres, ја доби наградата „Избор на купувачите за 2018 година“ според рангирањето на задоволството на потрошувачите Deutschland Test на германскиот деловен магазин Focus Money. Анкетата спроведена ширум Германија испитува кои брендови се посебно популарни во очите на потрошувачите. Во неа од јуни 2017-та до мај 2018 година се анализирани вкупно 53 милиони споменувања во општествените медиуми и 350 милиони онлајн извори од 3.000 бренда од 146 различни гранки на индустријата. Се проценувани онлајн изјавите за цената, услугата, квалитетот и севкупниот имиџ на компанијата.
Nokian Tyres доби максимални 100 бода, рангирајќи се со тоа како прва во индустријата на пневматици. Оваа компанија која е најсеверен производител на врвни пневматици беше убедлива заради најдобриот однос на цената и квалитетот, како и заради леснотијата за сервисирање. Според резултатите од анкетата, потрошувачите исто така ги ценат квалитетот на производите на компанијата и посебно имиџот на самиот бренд. „Мило ни е што ја освоивме наградата за избор на купувачите за 2018 година“, кажа Хану Литсола, генералниот директор за Европа на Nokian Tyres. „Наградата е заснована на мислењето на потрошувачите и покажува дека задоволните возачи ги забележуваат и ценат нашата способност и посветеност за нудење квалитетни производи и највисоко ниво на услуга. Во тоа е нашата сила, која сакаме да продолжиме да ја докажуваме и во иднина“, додаде тој.