Подгответе се и надмудрете ја зимата
Екстремно променливото зимско време станаа вообичаено ширум Европа – силните дождови со што се зголемува количината на секогаш опасната лапавица се сé почести, но и возењето по суви патишта исто така
Објавено на 19 октомври 2018 година
Во тек на првите месеци годинава, најсеверниот светски производител на пневматици Nokian Tyres воведе три нови пневматика во својата палета висококвалитетни зимски пневматици – Nokian WR SUV 4 кој е посебно направен за европските временски услови, нордискиот Nokian Hakkapeliitta R3 без клинци и R3 SUV. Новиот зимски пневматик Nokian WR SUV 4 е наменет на возачите на SUV моделите во Централна Европа и е направен така да обезбедува најдобри перформанси по снег, лапавица и силен дожд. Било да возите по автопат, градска гужва или по живописни планински патчиња, чувството во возењето е контролирано и предвидливо, како на лизгав така и на сув пат. Овој врвен пневматик нуди исклучителна комбинација на перформанси на снег, управливост на мокра подлога и отпорност на пливање. „Сестраните зимски карактеристики, исклучителната управливост и посебната конструкција наменета за SUV возила го чинат Nokian WR SUV 4 оптимален пневматик за централноевропските зими“, објаснува Мартин Дражик, производствен менаџер на компанијата Nokian Tyres.
Nokian WR SUV 4 доби ознака за високи перформанси од TÜV SÜD како доказ за карактеристиките што потврдува дека тестираниот пневматик добро стои во споредба со конкуренцијата кога е збор за квалитетот и перформансите. Во споредба со пет конкуренти во областа на врвни пневматици, Nokian WR SUV 4 беше ненадминат во бочното прилепување на снег и кочење на снег и мраз. Овој врвен зимски пневматик исто така е рангиран како најдобар на тестот на популарното германско списание OffRoad (број 10/2018), со позитивни коментари за перформансите на снег и мраз. Според тоа списание што ги тестираше пневматиците во димензија 235/60 R18, Nokian WR SUV 4 е единствен што дава константно добри резултати во сите услови. Има најдобро забрзување и кочење на снег, во комбинација со подобрени летни перформанси. Робусната и издржлива структура заедно со посебно засилените бочни ѕидови обезбедуваат стабилност на пневматиците и отпорност на удари и оштетувања до кои може да дојде во тек на возењето. Новиот Nokian WR SUV 4 се нуди во брзински категории H (210 km/h), V (240 km/h) и W (270 km/h), а широкиот опсег големини покрива 57 артикли од 16 до 21 инч.
Главни иновации:
• Концепт на климатско прилепување – врвна управливост на мокри патишта, лапавица и снег. Насочената шара нуди чувство на стабилност во возењето и штити од пливање на пневматикот по вода и лапавица. Посебно дизајнираните ламели го вкрутуваат пневматикот, со што се постигнува подобра управливост и на мокри и на суви патишта, додека крутата зимска гумена смеса за SUV возила доверливо реагира на променливите зимски температури
• Снежните канџи овозможуваат максимално прилепување на снег. Овие канџи ефикасно прилепуваат на подлогата при возење по мек снег и други меки површини. Покрај придонесот за снежно прилепување, ваквиот дизајн го унапредува и чувството во возење при свртувања и менување на лента
• Полирани бразди – елегантно и функционално: лапавицата и водата лесно и ефикасно истечуваат низ глатките и полирани главни бразди
• Технологијата на арамиден бочен ѕид нуди екстремна издржливост. Екстремно силните арамидни влакна ги засилуваат бочните ѕидови на пневматикот, давајќи им поголема издржливост и подобра заштита во изискувачки услови на возење
Nokian Hakkapeliitta е посебен производ наменет за лоши зимски услови и водечки е бренд на зимски пневматици во нордиските земји, Русија и Северна Америка. Без оглед на тоа, неговите нови верзии без клинци Nokian Hakkapeliitta R3 SUV и Nokian Hakkapeliitta R3 можат да бидат добар избор за европските возачи кои живеат во алпските и планинските подрачја со долги снежни зими. Конструиран за SUV возила со високи перформанси, Nokian Hakkapeliitta R3 SUV нуди моќ и сила. Бескомпромисното зимско прилепување и лесната управливост на овој пневматик возењето го претвораат во возбудлива авантура, како во урбани средини така и по рурални патишта. Цврстината на структурата на овој нов пневматик и неговите бочни ѕидови засилени со арамид ќе ви помогнат да стигнете до своето одредиште благодарејќи на потребната издржливост и отпорноста на ударите и оштетувањата. Пневматикот Nokian Hakkapeliitta R3 SUV е достапен во 67 големини во опсег од 16 до 21 инч. Повеќето од нив ја имаат ознаката XL за најголеми можни оптоварувања. Новиот Hakkapeliitta R3 SUV претставува одличен избор за хибридните и електрични автомобили, вклучувајќи ги и Volvo XC90, BMW X5, MB GLC 350e и Tesla Model X. Зимскиот пневматик Nokian Hakkapeliitta R3 без клинци е вистински избор број еден за оние кои ги ценат исклучителната безбедност, единствениот комфор и еколошкото возење.
Како најсеверен производител на пневматици, Nokian Tyres е експерт за пневматици за сите зимски услови. Откако компанијата го разви првиот зимски пневматик на светот, направени се многу подобрувања и технолошки унапредувања со цел овозможување на безбедно и безгрижно возење. За патничките автомобили, Nokian WR A4 нуди оптимална комбинација на доверливо зимско прилепување и управливост со високи перформанси. Овозможува балансирано возење на спортски автомобили во често променливи зимски услови. Nokian WR D4 е шампион во прилепувањето чии единствени иновации овозможуваат безбедно и балансирано возење по влажни и со снег покриени коловози. Nokian WR D3 нуди првокласно прилепување и исклучителна управливост во променливите зимски услови што владеат во Централна Европа. Ремек-делото на нордиските зимски пневматици Nokian Hakkapeliitta R2 е наменето за возачите кои бараат апсолутен комфор во возењето, чувствително помала потрошувачка на гориво и технологија на зимски пневматик без клинци со најдобри безбедносни карактеристики.
Nokian WR SUV 3 е цврст зимски пневматик со високи перформанси без клинци што овозможува предвидливо и безбедно управување дури и на границите на прилепувањето. Тој е најбараниот производ без клинци наменет за интензивна и сестрана употреба на SUV возилата. Фрикциониот пневматик Nokian Hakkapeliitta R2 SUV нуди цврсто и прецизно зимско прилепување со угодно чувство во возењето. Пневматикот за комби возила Nokian WR C3 нуди прецизно зимско управување и удобност како кај патничките возила. Овој робусен новитет се тркала безбедно, издржливо и лесно и по градски улици и по селски патишта. Пумпачките ламели во вид на џепови ја отстрануваат водата од површината на патот и со тоа нудат стабилно прилепување.