Во Европа Nissan ќе има целосно електрична гама на модели до 2030 година

Атрактивниот концепт 20-23, со кого се слави 20-годишнината од дизајнерското студио во лондонскиот кварт Падингтон, претставува едноставен дизајн на градски автомобил. Името Concept 20-23 одразува 20 години од позицијата на NDE во срцето на Лондон, како и бројот 23 кој на јапонски се изговара  (2-ni 3-san) и претставува  традиционален број на компанијата, а воедно, и тековнава година.

Компактниот хечбек е под силно влијание на светот на онлајн трките  и ги вкрстува световите на модерното градско живеење, онлајн игрите и мобилноста на нула емисии. Неговата лежерност го означува учеството на Nissan во Формула Е.

Тој се  се карактеризира со екстремни аеродинамични додатоци напред и назад, со длабоки површини кои го насочуваат протокот на воздух подалеку од предниот дел на автомобилот, преку отворите за ладење на сопирачките и надвор низ отворите веднаш зад предните тркала. Носот на автомобилот се состои од рамнина до врвот на хаубата, давајќи му на предниот дел неочекувано чиста површина.

Ова е местото каде што се позиционирани предните фарови, со нивниот карактеристичен изглед кој се состои од тенок горен и долен полукруг и зајакнат со остар зрак благодарение на LED технологијата. Со овој концепт можеби Nissan сака да го врати во игра моделот Micra, но во електрично издание.

Претставувањето на Concept 20-23 Nissan го искористи да ги објави своите планови.  За седум години на Стариот континент нема да има модели со мотори на согорување. Nissan планира 27 нови електрифицирани модели ширум светот за следните години, од кои 19 се чисто електрични.

Важен дел од оваа стратегија ќе биде потпирањето на сопственото производство на батерии во цврста состојба (ASSB) кое треба да започне до фискалната 2028 година. Тие треба да ја подобрат ефикасноста, да се полнат побрзо и да бидат поевтини.

Во техничкиот центар на компанијата во Англија, паралелно се развива автономно возење кое се тестира во реални услови. Проектот се фокусира на станбени и рурални патишта и е поддржан од Владата на ОК. Во Nissan, електричните возила моментално претставуваат 16 проценти од вкупната продажба во Европа.

Електрифицираните возила моментално претставуваат 50 проценти од понудата и се очекува да се зголеми на 98 проценти во следните три години.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER