Подготвен за GT настап
Новиот Z GT500 ќе се натпреварува во јапонскиот GT Шампионат
Од следната сезона, кон крајот на летово најавената замена за GT-R, ќе настапи на натпреварувањата во GT шампионатите. На специјалниот настан организиран на патеката Фуџи Nissan не ги објави спецификациите на новиот тркач.
Од правилата на класата се знае дека зафатнината на моторот е лимитиран на два литри како и моќноста на 650 коњи. Преносот е дозволен на задните тркала преку шест степен секвенционален менувач. Иако сé уште не е официјално, постои можност Nissan да продолжи да се натпреварува со новиот Z GT паралелно со GT-R во послабата GT300 класа која е многу по блиска до хомологираните верзии за секојдневна употреба. Јапонскиот Super GT Шампионат започнува во Април на патеката Окајама.