Сакајќи да ги истакне предностите на својот 4×4 погон, Nissan подготви специјална изведба на X-Trail на кој тркалата му се заменети со гасеници. Возилото во целост е прилагодено за возење по снег со намера да им се олесни работата на планинските спасувачки служби.
Во ентериерот се среќава бројна опрема за оваа намена заради што задните седишта се извадени за да се добие простор за медицинско лице, потребните материјали за прва помош и транспорт на носилка за повредени. Има место и за дрон и бројна комуникациска и навигациска опрема, а на покривот е монтиран специјален багажник со сé што е потребно за евакуација при спасување.
Во тоа ќе помогнат моќните рефлектори и витлото со цврсти куки за извлекување. Шасијата е засилена, а погонскиот систем кој се состои од два електромотора само делумно е модификуван.