Есенско деби на градскиот доставувач
Претстојната есен европскиот пазар ќе добие уште едно електрично лесно доставно возило. Nissan Townstar ќе се понуди во три нивоа на опременост и има деклариран опсег од 300 километри според WLTP со оптимизации во погонот, управувањето со енергијата и ладењето на батеријата. Во зависност од опремата, Townstar EV нуди носивост од 600 kg до 800 kg и може да повлече приколка со тежина до 1500 килограми. Комбето ќе биде достапно во две должини. Во верзијата L1, товарниот простор собира 3,3 или 3,9 кубни метри со флексибилна мрежа за преградни ѕидови. Во должина L2 има 4,9 кубни метри простор, доволно за две евро палети. Како и кај сите нови комерцијални возила на Nissan, јапонскиот производител дава пет годишна гаранција или 160.000 километри, како и осумгодишна гаранција за батеријата за статус од 70 проценти.