Nissan Silence S04 – Шпански Јапонец

Nissan влегува и на пазарот за лесни возила со електричен погон

Шпанскиот производител на микромобили Acciona, за чија продажба е одговорен Nissan, лансира електричен двосед. Долг само 2,28 метри, широк 1,27 метри, но висок 1,57 метри, Silence S04 наменет е првенствено за младите луѓе, но и за постарите во урбаните средини кои сакаат индивидуална е-мобилност независна од јавниот превоз.

На пазарот постои голема празнина во овој сегмент, но тоа е поради високата цена на електричните микро-автомобили. Почетната верзија L6e во ЕУ може да се вози од возраст од 15 години, има максимална брзина од 45 км/ч и чини 11.995 евра. Побрзата изведба L7e може да достигне до 85 км/ч, но чини најмалку 14.095 евра.

Опционално, достапни се две дополнителни отстранливи батерии со по 5,6 kWh, кои во најдобар случај заедно обезбедуваат автономија до 175 километри, но тоа чини дополнителни 2.750 евра.

Многу пари за малку музика, нели? Групацијата Stellantis го покажа патот со Citroen Ami, Opel Rocks-e и Fiat Topolino, па редно е и некој друг да си ја проба среќата. Дизајнот и исклучително малиот круг на вртење на Silence S04 овозможуваат да ткаете низ тесните улички, додека покачената положба за седење нуди добар преглед.

Внатре, Silence изненадува со соодветни седишта, „веганска кожа“ и аксесоари како што се аудио систем со Bluetooth и држач за паметни телефони. Багажникот од 247 литри е доволен за пазарење. Конкуренцијата од користени или евтини електрични автомобили како Dacia Spring е силна.

Дали алтернативата за електрична мобилност на Nissan може да преживее, останува да се види. Сепак, ова е уште едно скапо џуџе!

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER