Nissan Patrol – Легендата продолжува да господари

Седмата генерација на Nissan Patrol ги содржи сите атрибути на своето наследство и доби премиум естетика

Nissan Patrol нема да дојде во Европа, но појавувањето на новата генерација на моделот кој успешно котира во Азија и Америка не смее да биде пропуштено. Кариерата Patrol ја започна во далечната 1951 година и за овие 73 години стана вистинска теренска икона.

За жал, кон крајот на деведесеттите години од минатиот век повлечен е од Стариот континент, но сагата за неговиот успех продолжува на други пазари. Во САД познат е под името Armada каде важи за извонредно доверливо возило со нагласени теренски квалитети.

Седмата генерација на Patrol ја одликуваат маркантниот дизајн, моќниот V6 твин-турбо мотор, девет степениот автоматски менувач и адаптибилната воздушна суспензија за да одговори на предизвиците во секакви сценарија на возење и подлоги.

Nissan Patrol е внимателно дизајниран за да го потенцира неговото присуство со силно влијание на богатото наследство исполнето со чувство на сила и издржливост. Ставот на Patrol е нагласен со алуминиумските тркала од 22 инчи, кои не само што го однесување на патиштата, туку и обезбедуваат високо растојание од подлогата за врвни перформанси надвор од патот.

Препознатливата V решетка на Nissan го зазема централното место и опкружена е со двојни фарови. Гломазната каросерија нуди гостопримство со истенчена естетика и грижливо избрани материјали.

Како налага модерниот пристап, двојни колор екрани, секој со димензија од 14,3 инчи, се обединети во една конзола, а ги командува системот NissanConnect 2.0 со интегриран Google. За патниците на задната клупа се понудени опционалните 12,8 инчни екрани.

Треба да се напомене дека новиот Patrol е најмоќниот досега. Неговиот нов 3,5 литрен V6 твин-турбо произведува импресивни 425 КС и 700Nm. За оние со поскромни амбиции се нуди 3,8 литрен, исто така V6 мотор, со 316 КС и 386Nm. Кај двата агрегати силата се пренесува преку девет степен автоматски менувач на сите тркала. Покрај воздушното потпирање кое автоматски се приспособува, Patrol има шест модуси на возење кои со леснотија го адаптираат на секоја подлога.

За жал Patrol нема да дојде во Европа. Од ноември ќе се нуди во Арапските Емирати, Саудиска Арабија и Блискиот исток. Во САД ќе биде понуден и како Infiniti QX80, полуксузна верзија на Nissan Armada.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER