Nissan Patrol – 10 години гаранција, ама таму кај се продава…

Притиснат со реалноста, Nissan започна да ја менува пазарната стратегија чии нови ветришта го опфатија и големиот Patrol.

Наменет исклучиво за продажба на Блискиот Исток и во Америка каде е познат како Nissan Armada, седмата генерација на легендарниот теренец се произведува само со бензински мотори – 3,5 и 3,8 литарски со 316 и 425 коњски сили.

Долг е огромни 5,35 метри а широк повеќе од два и како таков прашање е колку ќе има успех и на другите пазари. Но бидејќи на Nissan не му остануваат многу опции падна одлука тој во малку поскромно издание да започне да се продава и во Југоисточна Азија но и во Австралија каде ќе настапува со сиот луксуз што може да го понуди.

Овој пазар е посебно значаен бидејќи таму низ историјата се пласирани 250 илјади примероци од неговите шест досегашни генерации. Својата издржливост ќе ја докажува и новата со гаранција каква што светот не видел – 10 години или поминати 300 илјади километри.

Најавено е лансирање на Patrol и на други пазари но доколку некој помисли ќе мора да го разочараме – Европа не е меѓу нив и тешко дека ќе биде.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER