Во пресрет на новата генерација на Nissan Leaf јапонската компанија заедно со аеродромот Фјумичино во Рим започна проект за користење на старите батерии на електричниот автомобил.
Тие ќе го започнат нивниот втор живот како дел од голем и значаен систем за складирање енергија кој ќе придонесе за остварување на целите за нулти емисии до крајот на деценијава. Тој се состои од 84 обновени батерии кои со заедничкиот капацитет од 2,1 мегават-часа ќе ја складираат електричната енергија од соларните панели за нејзино користење во текот на целиот ден.
Иако се користени батерии од возила со голема помината километража, Nissan предвидува тие да бидат оперативни уште најмалку 6 до 7 години. Покрај заштедите и еколошкото влијание, значајно е и тоа што со ваквото користење на веќе отпишаните батерии на електричните возила се олеснува процесот и намалува обемот на нивното рециклирање.
Можностите за употреба на стари батерии од електричните возила Nissan ги испитува подолго време – пред неколку години во Јапонија се појавија како систем за резервно напојување на светлосната сигнализација на железничките премини


