Со претставувањето на електричниот N7 во Кина Nissan ја разбранува автомобилската јавност.

Автомобил голем колку Passat а поевтин од Polo?! Toa e дефиницијата за Nissan N7.

За основната верзија треба да се платат 14.600 евра. За неверојатно ниските цени заслужен е Dongfeng кој како партнер на Nissan за Кина му ги позајми своите технологии. Дизајнот му е модерен и аеродинамичен со коефициент на отпор на воздухот од само 0,208 а внатрешноста сосема очекувана.

Погонски опции има две – со 215 и 268 коњски сили и автономија од 510 односно 625 километри по кинеските норми. Според среднорочниот план на компанијата кој и покрај кризата во која западна остана непроменет, овој модел е прв од повеќето кои Nissan ќе ги произведува во Кина а продава низ целиот свет.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER