Nissan Micra – Уникатна и предизвикувачка

Најмалиот модел на Nissan се врати и зрачи со оптимизам

По неколку години пауза најмалиот модел на Nissan се враќа на голема врата. Овој пат е потполно електричен и сестрински модел е на Renault 5 E-Tech.

И покрај заедничките основи, Micra има уникатен надворешен дизајн прилагоден за Европа. Дизајнирана во лондонското студио на Nissan Design Europe, Micra е впечатлива.

Доминираат големите кружни фарови и задни светла, а каросеријата позајмува форми од популарните кросовери. Сјајно црна облога се обвиткува околу браниците, профилот и лаковите на тркалата, додавајќи чувство на робусност на нејзината инаку мала рамка.

Сите нивоа на опрема доаѓаат со 18-инчни тркала во различни дизајни, давајќи ѝ самоуверен изглед. А за оние кои сакаат добра комбинација на бои, Nissan нуди 14 различни опции, вклучувајќи двобојни комбинации со црн или сив покрив. И покрај визуелниот трик, Micra е долга 3,93 метри и има меѓуоскино растојание од 2,54 метри.

Во интериерот забележлива е помала имагинација бидејќи пресликан е распоредот и опременоста од францускиот брат. Доминираат два 10,1 инчни екрани, а главните разлики се сведуваат на брендирањето и неколку персонализирани детали. Багажникот нуди 326 литри простор, совршен за помали урбани авантури.

Nissan Micra е поставена на платформата AmpR Small и е достапна во две верзии. Основниот модел комбинира електричен мотор од 122 КС со батериски пакет од 40 kWh што овозможува 308 км според WLTP. Помоќната располага со 150 КС и батерија од 52 kWh, проширувајќи ја автономијата на 408 км.

Воедно, овозможува полнење од 100 kW, што обезбедува од 15-80% за 30 минути. И двата пакета батерии имаат технологија Vehicle-to-Load за напојување на надворешни уреди и стандардно доаѓаат со топлинска пумпа, како и можност за греење и ладење на батеријата.

Се очекува Micra да се појави кај европските дилери кон крајот на 2025 година, иако цената нема да биде потврдена сè додека не се приближи до лансирањето. Nissan Micra нема да биде поевтина од Renault 5 E-Tech бидејќи е позиционирана како попремиум опција во понудата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER