Електричните автомобили се развиваат брзо, а Nissan со новиот Leaf докажува дека сè уште има што да каже.
Денеска дебитираше третата генерација на Nissan Leaf, првото комерцијално БЕВ во светот. Јапонците останаа доследни на својата прикаска поучени од искуствата што ги добија во претходните две генерации.

Од здодевен, но функционален хечбек, Leaf се трансформира во несекојдневен фастбек со профил на кросовер. Иако е малку помал од својот претходник, Leaf е аеродинамички ефикасен. Има должина од 4.405 мм, со меѓуоскино растојание од 2.690 мм.

Nissan тврди дека е нивното најаеродинамично сериско возило досега, со коефициент на отпор од 0,25. Новите LED фарови, 19-инчните алуминиумски тркала и активниот затворач на решетката што се прилагодува на протокот на воздух се едни од придобивките на новиот модел.

Во внатрешноста Nissan се одлучи за минималистички распоред, следејќи ги најновите трендови. Дигиталниот кокпит се состои од два дисплеи од 12,3 инчи или 14,3 инчи во зависност од опремата. Новите екрани се споени со двокрак волан со интегрирани контроли, кратенки чувствителни на допир на контролната табла и копчиња наместо традиционален менувач на брзини.

Поважно е што Nissan Leaf ќе може да се дополни za 250 км за само 14 минути кога е поврзано со полнач од 150 kWh. Досега Nissan продаде скоро 700.000 примероци на Leaf од 2010 година, кога го комерцијализира.

Leaf ја дели платформата CMF-EV со поголемата Ariya, што значи рамен под и попростран распоред на кабината. Сепак, за разлика од неговиот поголем братучед, Leaf ќе биде достапен исклучиво со еден електричен мотор што ги движи предните тркала.

Овој мотор произведува до 217 КС и 355 Nm вртежен момент. Nissan, исто така, го истакна новиот заден систем со мулти-линк суспензија што овозможува подобрената маневрибалниност и зголемувањето на страничната цврстина за 66% во споредба со претходната генерација.

Nissan Leaf треба да пристигне на пазрот оваа есен, а постепено ќе се воведува во Јапонија и други пазари. Деталите за цените ќе бидат споделени при комерцијалното лансирање, во четвртиот квартал на годинава. Производството ќе се одвива во фабриката на Nissan во Tochigi во Јапонија и во Sunderland во Велика Британија.