Nissan Leaf и официјално пристигна во Европа (видео)

Nissan и официјално ја претстави третата генерација на Leaf за европскиот пазар

Како новиот Nissan Leaf изгледа видовме на почетокот на летото но тогаш Јапонците кажаа дека спецификациите ќе се разликуваат за секој регион. Каросеријата со исклучителна аеродинамика што ја нацртаа јапонските дизајнери располага со пространа внатрешност, добра прегледност и солидно голем багажник. Заснован е на платформата од Ariya со задно мултилинк ослонување што му обезбедува добри возни својства и висока удобност.

На купувачите во Европа ќе им биде достапен во две верзии, со батерии доволни за 440 односно 622 километри кои се полнат со моќност од 150 киловати. Развива 218 коњски сили а опремен е и со системи за напојување надворешни уреди и враќање на струјата во мрежата што сигурно ќе ги намали сметките на возачите. Производството кое за Европа ќе се одвива во Велика Британија ќе започне при крајот на годинава кога ќе бидат објавени и цените.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER