Nissan – Hyper Urban SUV Concept

Подготвен за претстојниот Јапан мобилити шоу, концептот ги прикажува дизајнот и технолошките можности на идните електрични возила на марката

Nissan го претстави првото од серијата електрични концепт возила што ќе ги прикаже во Токио кон крајот на овој месец. Hyper Urban е радикално спортско корисно возило дизајнирано за „професионалци од урбани и приградски средини кои даваат приоритет на еколошката одржливост“.

Овој концепт ги прикажува дизајнот и технолошките можности на идните електрични модели на Nissan. Надворешниот дизајн е драматично отстапување од актуелниот електричен кросовер Ariya и доминира со истакнати аголни линии и површини најавуваат сосема нов, радикален пристап кон обликувањето на каросеријата.

Прекршувањата на формите започнуваат од предниот дел каде доминира светлосната LED лента во цела ширина и спротивставени нападни агли без никакви заоблуваеа. Сјајно црниот браник дава силен контраст на бојата на каросеријата за која Nissan вели дека „ги менува хроматските изрази во зависност од аголот на кој светлината удира во неа“.

Погледот на концептот од страна открива дека станува збор за интригантно поставени четири врати каде предните се отвораат во „пеперутка“ стил, а задните во спротивен смер од оној што сме навикнале. Овој дизајн тешко дека ќе се имплементира во сериски модел поради непрактичноста, но сепак добро се вклопува во концепт возило.

Внатрешноста на Hyper Urban е исто толку впечатлива како и надворешноста. Таа е опремена со столчиња што наликуваат како дел од секојдневниот куќен мебел и централен екран во кој патниците на задните седишта можат да уживаат. Нисан не споменува каков електричен погон има концептот, а најавува уште изненадувања. Какви ќе бидат, ќе покаже времето.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER