Nissan Gravite – Далеку е Индија!

Додека во Европа нѐ дерат со цените на возилата, во Индија тие се багатела!

На индијскиот пазар кој брои 1,4 милијарди купувачи, во главно со мала платежна моќ, производителите на возила како да се натпреваруваат кој ќе даде пониска цена. Таков пример ни доаѓа од јапонскиот Nissan чија индијска фабрика понуди многунаменско возило со седум седишта, за влакно пократка од четири метри, за цена која е еквивалентна на седум годишно одржување на еден Pathfinder во ЕУ?!

Gravite ќе се произведува локално во Ченај и ќе се нуди со почетна цена од 565.000 индиски рупии или, кажано на „нашки“, 5.284 евра!? За драмата да биде повозбудлива, за тие пари се нуди практична технологија како што е лебдечки инфозабавен дисплеј од 20,3 см со безжична Android Auto и Apple CarPlay конекција, безжично полнење на уреди, целосно дигитален напреден мултифункционален кластер од 17,7 см, автоматски заклучувачки врати и, предни и задни сензори за паркирање.

Возачите можат да почувствуваат зголемено чувство на спокојство со повеќе од 30 стандардни безбедносни карактеристики. Електронска контрола на стабилноста (ESC), систем за контрола на тракцијата (TCS), помош при стартување на угорница (HSA), систем за помош при сопирање (BAS) и ABS со EBD нудат подобрена контрола на возилото, управување и предвидливост.

Моќта ја обезбедува 1-литарски бензински мотор со 72 КС при 6250 вртежи во минута и 96 Nm при 3400-3600 вртежи во минута максимален вртежен момент. Gravite се нуди со 5-брзински мануелен или 5 степен EZ-shift автоматизиран мануелен менувач.

Флексибилните конфигурации на седиштата овозможуваат сместување за до седум патници, со отстранливи седишта од третиот ред што го прошируваат капацитетот на багажот до 625 литри. На овие факти треба само да се поклониме. Пред вистината и Боговите молчат!

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER