Nissan e-Power – 1,5 милиони примероци

Самоуверено и тивко, Nissan произведе повеќе од 1,5 милиони возила со e-Power технологија.

Станува збор за единствено решение во кое бензинскиот мотор со помал работен волумен ги полни литиум-јонските батерии со струја за напојување на електромоторите кои го задвижуваат возилото.

Според податоците на Nissan вакви возила се пласирани на 68 светски пазари. Најпрво во Јапонија каде стартуваа во 2016-та со моделот Note за понудата доста бргу да се прошири и на други модели, вклучително  и перформансите верзии на Kicks и X-Trail и моноволуменецот Serena. Дотолку што ланската 2023 година тие сочинуваа 43 отсто од продажба на марката на домашниот пазар, каде вкупно се пласирани скоро 1,2 милиони вакви возила.

Е-Power технологијата во Кина стана достапна во 2021-вата, наредната година и во Европа додека Американците и Канаѓаните ќе чекаат на неа уште најмалку година ипол. Поттик за нејзино воведување беа интерните истражувања на компанијата кои покажаа дека европските возачи повеќе од 70 отсто од времето зад управувачот го поминуваат  на градските и приградски патишта.

За да одговори на овој тренд Nissan го разви системот кој оптимално ги комбинира еколошката свест и практичноста на возењето нелимитирано со инфраструктура за полнење на батериите.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER