Nissan Ariya – Solar Power Concept

На светол сончев ден, со помош на соларни панели, ЕВ можат да ја зголемат автономијата за 23 километри повеќе!

Автомобилите поминуваат многу време надвор, што претставува голема можност за електричните возила опремени со соларни панели да ја зголемат автономијата, односно да ја надополнат изгубената енергија во батериите. На својот електричен кросовер Ariya,

Nissan вгради фотоволтаични панели на хаубата, покривот и на стаклото на вратата од багажникот. Тие се протегаат на вкупна површина од 3,8 квадратни метри и ја претвораат сончевата светлина во еднонасочна струја.

Оваа енергија се внесува во батерискиот пакет чие тестирањето во реалниот свет покажало дека панелите можат да обезбедат до 23 км дополнителна автономија во сончев ден. Сепак, локацијата е многу важна и автономијата може значително да варира.

Nissan вели дека просечните годишни вредности би можеле да се движат од само 10,2 км дневно во Лондон до 21,2 км дневно во Дубаи. Иако ова не се бројки што го менуваат животот, Nissan изјави дека дополнителната автономија би можел да им овозможи на возачите да ја намалат фреквенцијата на полнење помеѓу 35 и 65 проценти.

Сончевите панели помагаат и во области каде што инфраструктурата за полнење е ограничена, како што е нашата држава. Или, народски речено, капка по капка – езеро!

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER