Nissan Ariya NISMO – Ракета на струја

Спортското одделение на Nissan ја стокми електричната Ariya која сега доби 435 коњи

Донатор за новото издание што е потпишано од NISMO е сериската Ariya e-4ORCE со батерија од 87 kWh, но направени се мноштво надградби за да овозможи уште повозбудливо возачко искуство.

Моќноста се зголемува на 435 КС, речиси 130 КС повеќе од донаторот, додека вртежниот момент од импресивни 600 Nm остана непроменет. Таквата комбинација е доволна за забрзување од стоење до 100 км/ч за пет секунди. Ariya NISMO не е само брза.

Благодарение на подобрувањата на системот за погон на четири тркала e-4ORCE, акцентот е ставен на агилноста и динамичната реакција. Специјално подесениот систем e-4ORCE на Ariya NISMO може да го максимизира механичкото држење со прилагодување на силата што се испраќа на секое тркало и се надгледува 10.000 пати во секунда.

Со распределување на силата 60:40 во корист на задната оска, системот дава поспортско чувство во споредба со обичниот Ariya e-4ORCE, обезбедувајќи 12% подобрување во перформансите во свиоци. Потпирањето исто така е сеопфатно преработено, со ревидирани стабилизатори, пружини и амортизери, за да се постигне подобрена рамнотежа и контрола на телото и поголема агилност при повисоки брзини.

Дизајнот на Ariya NISMO е суптилно освежен за да ја одрази спортска ДНК и ќе обезбедат да се издвојува во секојдневното користење. Новите спојлери помагаат да се намали отпорот на воздухот. Ariya NISMO, по дебито во САД, веќе пристигна во европските салони. Љубителите на електричните перформанси ќе треба да одвојат разумна сума од  65.000 евра што е веќе вообичаена за оваквите возила.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER