Nissan – произведен 500.000-тиот LEAF

Top News Занимливости

10 години на струја

Јубилејниот автомобил ќе биде испорачан на купувач во Норвешка пред светскиот ден на електрични возила

објавено 11 септември 2020

Nissan без многу помпа прослави двоен јубилеј. Првиот е 10 години производство на LEAF а вториот е што од лентата од фабриката во Сандерленд излезе 500.000-тиот примерок на првиот потполно електричен автомобил наменет за масовниот пазар. Грижливите Јапонци пресметаа дека за овој период поминати преку 14,8 милијарди километри без никаква емисија на издувни гасови со што сопствениците на LEAF успеале да ја сочуваат атмосферата од штетни издувни гасови во висина од 2,4 милијарди килограми СО2. Покрај големиот еколошки успех, во своето портфолио Nissan LEAF може да се пофали со титулите Автомобил на годината во Европа за 2011, Светски титула за истата година, како и двојно освојување на круната во Јапонија за 2011 и 2012 година. Сепак од редовите на производителот истакнуваат дека се најсреќни што ја заслужија довербата на стотици илјади купувачи. Во текот на изолациите поради COVID-19 квалитетот на воздухот на светско ниво е подобрен поради намалувањето на сообраќајот. Истражувањата покажуваат дека 68% од испитаниците ја подржуваат опциите со кои ќе спречат да се повторат поранешните нивоа на загадувањето.